Амос 5:18-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Тешко ви вам што копнеете по Господовиот ден! Што ќе ви биде Господовиот ден? Темнина, а не светлина.

19. Ќе ви биде како на оној што и избега на лавската уста, а мечката го сретна; како оној што влезе во куќа и ја стави раката на ѕид, а змија го касна.

20. Не ќе ли биде Господовиот ден темнина, а не светлина? Мрак, а не сончев блесок?

21. „Ги мразам и ги презирам вашите празници и веќе не ми се мили вашите свечености.

22. Кога ми принесувате паленици, вашите лебни приноси не Ми се мили, на жртвата благодарница од вашите згоени телиња и не погледнувам.

23. Отстранете го од Мене шумот на своите песни, не сакам да ги слушам звуците на вашите псалтири.

24. Правдата нека потече како вода, и справедливоста како силна буица.

25. Дали Ми принесувавте жртви и приноси во пустината четириесет години, Израелев доме?

Амос 5