Амос 3:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Господ зборува вака: „Како кога пастирот ќе истрга две листни коски или делче од уво од лавската уста, така ќе се истргаат Израелевите синови кои седат во Самарија на работ на постелата и на леглата.”

13. Чујте и посведочете против Јакововиот дом - говори Господ Бог, Бог над Воинствата:

14. „Во оној ден кога ќе го казнам Израел за злосторите ќе ги казнам и ветилските жртвеници; роговите на жртвеникот ќе се скршат и ќе паднат на земјата.

15. Ќе ги разурнам зимската куќа и летната куќа, ќе пропаднат куќите од слонова коска. Многу куќи ќе исчезнат!” говори Господ.

Амос 3