2 Цареви 9:34-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Тој влезе, јадеше и пиеше, а потоа нареди: „Погледајте ја онаа проклетница и погребете ја, зашто беше царска ќерка.”

35. И отидоа да ја погребат, но не најдоа ништо од неа освен черепот, нозете и рацете.

36. Се вратија и му јавија, а Јуј рече: „Тоа е словото што Господ го објави преку Својот слуга Тесвиецот Илија: ‘Во Езраелското Поле кучињата ќе го изедат Језавелиното тело.

37. Језавелиниот труп ќе биде како гној во полето, за да не може да се рече: „Ова е Језавела.”‘“

2 Цареви 9