2 Цареви 8:1-2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Елисеј ја посоветува жената на која и го оживеа синот: „Стани, тргни со своето семејство и засолни се како туѓинка каде и да било, зашто Господ пушти глад; веќе дојде во земјата за седум години.”

2. Жената стана и направи како што и рече Божјиот човек: си отиде, таа и нејзиното семејство, и остана седум години во Филистејската Земја.

2 Цареви 8