2 Цареви 7:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. А пред градската врата беа четири проказани; тие си рекоа еден на друг: „Зошто стоиме тука и ја чекаме смртта?

4. Ако одлучиме да влеземе во градот, гладта е во градот, та ќе умреме таму; ако останеме тука, пак ќе умреме. Ајде! Да избегаме и да преминеме во арамејскиот логор: ако нè остават во живот, ќе живееме; ако нè убијат, па добро: ќе умреме!”

5. Во примрак, откако станаа, тргнаа оттаму во арамејскиот логор. Стигнаа до работ на логорот, и ете - таму немаше никој!

6. Зашто Господ направи та во арамејскиот логор се чу шум од коли и коњи, врева на голема војска. И зборуваа меѓу себе: „Ете, царот на Израел ги наеми против нас хетитските цареви и египетските цареви за да тргнат против нас.”

7. Се дигнаа и избегаа во примрак: ги оставија своите шатори, коњите и ослињата, сиот логор каков што беше. Побегнаа за да ја спасат жива главата.

2 Цареви 7