2 Цареви 7:1-2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Елисеј рече: „Чуј го Господовото слово: Господ вели вака: ‘Утре во ова доба при вратата на Самарија една мера чисто брашно ќе биде за сикал, а две мери јачмено брашно за сикал.”

2. Дворјанецот, на чија рака се потпираше царот, му одговори на Божјиот човек: „И кога Господ би направил окна на небото, дали би можело да биде тоа?” А Елисеј одговори: „Ќе видиш со своите очи, но не ќе јадеш.”

2 Цареви 7