2 Цареви 6:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Еден од придворниците одговори: „Не, господару цару; Елисеј, Израелевиот пророк, му ги открива на израелскиот цар зборовите што ги кажуваш во својата спална.”

13. Тој рече: „Отидете и видете каде е, та веќе ќе испратам да го фатат.” И му јавија: „Ене го во Дотан.”

14. Тогаш царот испрати таму коњи, коли и силни чети. Тие стигнаа ноќе и го опколија градот.

15. Наутро, откако стана Божјиот човек, излезе, а ете околу градот стои војска со коњи и коли! Неговиот момок му рече: „Ах, господару мој, што ќе правиме?”

2 Цареви 6