2 Цареви 4:30-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Ама мајката на детето рече: „Жив ми Господ и жива да е твојата душа, не ќе те оставам!” Тогаш тој стана и тргна по неа.

31. Гиезиј отиде пред нив и го положи стапот врз детето, ама немаше ни глас ни одѕив. Тој се врати пред Елисеј и му јави: „Детето не се разбуди.”

32. Елисеј влезе во куќата и го најде детето како лежи мртво на неговата постела.

33. Откако влезе, ја затвори вратата зад себе и Му се помоли на Господа.

2 Цареви 4