2 Цареви 3:18-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Ама тоа уште не е ништо во очите на Господа: Тој ќе го предаде Моав во ваши раце.

19. Вие ќе ги заземете сите утврдени градови, ќе ги исечете сите плодни дрва, ќе ги затрупате сите извори и ќе ги запустите најдобрите полиња: ќе ги посеете со камења.”

20. И навистина, наутро, во времето кога се принесува лебниот принос, дојде вода од Едом и ја преплави сета околина.

21. Кога Моавците чуја дека царевите дојдоа да војуваат со нив, ги повикаа сите кои што беа способни за оружје, и ги поставија на границата.

22. Кога станаа утрото и кога сонцето огреа над онаа вода, на Моавците им се стори отстрана дека водата е црвена како крв.

23. И рекоа: „Тоа е крв! Навистина царевите се судрија меѓусебно и се погубија еден друг. А сега: на грабеж, Моавци!”

24. Но кога стигнаа до израелскиот логор, Израелците се кренаа и ги разбија Моавците, така што овие избегаа пред нив. А Израелците се стрчаа за да ги дотолчат Моавците.

25. Им ги разорија градовите, секој фрлаше по камен на најдобрите ниви за да ги наполнат, ги засипаа изворите и ги исекоа сите плодни дрва. Конечно, остана само градот Кир Арасет; праќкарите го опколија и го биеја.

26. Кога моавскиот цар виде дека не ќе ја издржи битката, зеде со себе седум стотини луѓе вооружени со мечеви, се обиде да се пробие и да дојде до едомскиот цар, ама не успеа.

27. Тогаш го зеде својот син првенец, кој требаше да го наследи, и го принесе како паленица на ѕидот. Тоа им се згади толку на Израелците та отидоа од нив и се вратија во својата земја.

2 Цареви 3