25. Немаше пред него таков цар кој Му се обратил на Господа со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила, верен во сè на Мојсеевиот Закон, а ни по него му немаше рамен.
26. Сепак, Господ не се откажа од пламенот на Својот голем гнев со кој зовре против Јудејците заради сите предизвици со кои го лутеше Манасиј.
27. Господ одлучи: „Ќе ги отфрлам Јудејците од пред Себе, како што ги отфрлив Израелците; ќе ги отфрлам овој град што го избрав, Ерусалим, и Домот за кого реков: ‘Тука ќе биде Моето Име.’”
28. Другата Јосиева повест, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?