2 Цареви 23:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Ги закла сите свештеници на високите места врз жртвениците; врз нив ги изгоре и човечките коски. Потоа се врати во Ерусалим.

21. Царот му нареди на сиот народ: „Празнувајте ја Пасхата во чест на Господа, својот Бог, според обичајот што е запишан во овој книжен свиток на Заветот.”

22. Таква Пасха не беше празнувана од времето на судиите кои што му судеа на Израел, и за сето време на израелските и јудејските цареви.

23. Само во осумнаесеттата година од царувањето на Јосиј беше празнувана таква Пасха во чест на Господа, во Ерусалим.

2 Цареви 23