2 Цареви 23:19-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Јосиј уште ги разурна сите домови на високите места, што израелските цареви ги изградија по градовите на Самарија за да би Го гневеле Господа и направи со нив како што направи во Ветил.

20. Ги закла сите свештеници на високите места врз жртвениците; врз нив ги изгоре и човечките коски. Потоа се врати во Ерусалим.

21. Царот му нареди на сиот народ: „Празнувајте ја Пасхата во чест на Господа, својот Бог, според обичајот што е запишан во овој книжен свиток на Заветот.”

2 Цареви 23