2 Цареви 19:33-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Ќе се врати по патот по кој што и дојде, не ќе влезе во овој град” - Господово слово е.

34. Ќе го штитам овој град, ќе го спасам, заради Себе и заради Својот слуга Давид.”

35. Во истата ноќ Господов Ангел излезе и погуби сто осумдесет и пет илјади во асирискиот логор. Наутро, кога требаше да се стане, ете, таму беа сè само мртовци.

36. Сенахирим го крена логорот и си отиде. Се врати и живееше во Нинива.

37. Еден ден, додека се клањаше во храмот на својот бог Нисрок, неговите синови Адрамелех и Сарсар го убија со меч и пребегаа во Араратската земја. На негово место се зацари син му Есар Адон.

2 Цареви 19