2 Цареви 17:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. ги следеа обичаите на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови, живееја според обичаите што ги воведоа израелевите цареви.

9. Израелците и нивните цареви постојано правеа незгодни дела против Господа, својот Бог. Подигнаа високи места во сите свои населби: од стражарските стражарници па до утврдените градови.

10. Подигнаа столбови и ашери на секое повисоко ритче и под секое зелено дрво.

11. Таму, на сите високи места, кадеа според обичајот на народите што Господ ги протера пред нив, и правеа лоши дела та го предизвикуваа Господовиот гнев.

2 Цареви 17