2 Цареви 17:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И се случи така зашто Израелците згрешија против Господа, својот Бог, кој ги изведе од Египетската Земја, од под власта на фараонот, египетскиот цар. Почитуваа други богови,

8. ги следеа обичаите на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови, живееја според обичаите што ги воведоа израелевите цареви.

9. Израелците и нивните цареви постојано правеа незгодни дела против Господа, својот Бог. Подигнаа високи места во сите свои населби: од стражарските стражарници па до утврдените градови.

2 Цареви 17