2 Цареви 15:34-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Правеше што е право во Господовите очи, сосем како и татко му Озиј.

35. Но ни тој не ги разурна високите места; народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места. Тој ја изгради Горната Врата на Господовиот Дом.

36. Другата повест на Јотама, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

37. Во неговите дни Господ почна да ги праќа против Јудеја арамејскиот цар Ресин и Факеј, синот Ремалиев.

38. Тогаш Јотам почина кај татковците, и го погребаа во градот на неговиот прататко Давид. А на негово место се зацари син му Ахаз.

2 Цареви 15