2 Цареви 15:28-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Тој правеше што е зло во Господовите очи; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел.

29. Во време на израелскиот цар Факеј дојде асирискиот цар Теглат Феласар и ги зазеде Ијон, Авел Вет Мака, Јанох, Кедес, Асор, Галад, Галилеја и сета Нефталимова Земја. И го одведе населението во Асирија.

30. Осиј, синот Илин, се завери против Факеј, синот Ремалиев, го уби и се зацари место него во дваесеттата година на Јотам, синот Озиин.

31. Другата Факеева повест, сè што направи, сè тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

2 Цареви 15