2 Цареви 13:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Тогаш Господ зовре од гнев против Израел, и го предаде во рацете на арамејскиот цар Азаил и во рацете на Вен-Адад, синот Азаилов, за сето она време.

4. Но Јоахаз го ублажи Господовото лице, и Господ го послуша, зашто ја виде неволјата што арамејскиот цар му ја нанесуваше на Израел.

5. Господ му даде на Израел избавител кој го избави од арамејските раце, та Израелците живееја во своите шатори како и порано.

6. Но не отстапуваа од гревовите со кои Јеровоам го беше завел Израел: туку одеа по нив, а и ашерите останаа во Самарија.

2 Цареви 13