21. Се случи некои - погребувајќи човек - да ги здогледаат разбојниците: го фрлија мртовецот на Елисеевиот гроб и си отидоа. Мртовецот, откако ги допре Елисеевите коски, оживе и застана на нозе.
22. Арамејскиот цар Азаил ги угнетуваше Израелците за време на сиот Јоахазов век.
23. Но Господ им се смилува и се нажали над нив. Погледна кон нив заради Својот Завет што го имаше склучено со Авраама, со Исака и со Јакова. Не сакаше да ги истреби и не ги отфрли далеку од Своето лице до денес.