2 Цареви 13:15-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Елисеј му рече: „Земи лак и стрели.” И тој ги зеде лакот и стрелите.

16. Тогаш Елисеј му рече на царот: „Оптегни го лакот!” И тој го оптегна. Елисеј ги стави рацете врз царевите раце,

17. потоа рече: „Отвори го прозорецот кон исток.” И тој го отвори, а на тоа Елисеј рече: „Стрелај!” И тој исфрли стрела, а Елисеј рече: „Победоносна Господова стрела! Победничка стрела над Арамејците! До нозе ќе ги разбиеш Азамејците кај Афек.”

18. И продолжи: „Земи ги стрелите!” Тој ги зеде. Тогаш Елисеј му рече на царот: „Удри на земјата!” Тој удри трипати и застана.

19. Тогаш Божјиот човек се разгневи на него и рече: „Требаше да удриш пет или шестпати! Тогаш потполно ќе ги разбиеше Арамејците; вака ќе ги победиш само трипати.”

20. Потоа Елисеј умре, и го закопаа. А ограбувачките чети на Моавците ја напаѓаа земјата секоја година.

21. Се случи некои - погребувајќи човек - да ги здогледаат разбојниците: го фрлија мртовецот на Елисеевиот гроб и си отидоа. Мртовецот, откако ги допре Елисеевите коски, оживе и застана на нозе.

22. Арамејскиот цар Азаил ги угнетуваше Израелците за време на сиот Јоахазов век.

2 Цареви 13