1. Во седмата година на Јујовото царување Јоас стана цар, и царуваше четириесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Сивија и беше од Вир-Савеа.
2. Јоас правеше што е право во очите на Господа во текот на сиот свој век, зашто го поучуваше свештеникот Јодај.
3. Ама не ги разурна високите места, и народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места.
4. Јоас им рече на свештениците: „Сите сребреници од посветените дарови што се донесени во Господовиот Дом; сребрениците што му се наметнати некому со преценка, и сребрениците што некој ги донесува по своја волја во Господовиот Дом,
5. свештениците нека земат секој од својот познат, и тие нека го поправат со тоа Домот, каде што ќе се најде некакво оштетување.”