2 Тимотеј 4:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. При мојата прва одбрана никој не беше со мене, туку сите ме оставија; нека не им се засмета тоа!

17. Но Господ застана со мене, и ми даде сила, за да се исполни проповедувањето преку мене, и да чујат сите народи; и се избавив од лавовска уста.

18. Господ ќе ме избави од секое зло дело и ќе ме запази за Своето Небесно Царство. Нему слава за вечни векови. Амин!

19. Поздрави ги Прискила и Акила и Онисифоровиот дом!

20. Ераст остана во Коринт, а Трофим го оставив болен во Милет.

21. Погрижи се да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Еувул, Пуд, Лин, Клаудија, и сите браќа.

22. Господ Исус Христос да биде со твојот дух! Благодатта да биде со вас Амин!

2 Тимотеј 4