2 Тимотеј 4:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Само Лука е при мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е полезен за службата.

12. Тихик го пратив во Ефес.

13. Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката, што ја оставив во Троада при Карпа, и книгите, особено пергаментните!

14. Ковачот Александар ми направи многу зло; Господ ќе му плати според неговите дела.

15. И ти пази се од него, зашто им се противеше многу на нашите зборови.

16. При мојата прва одбрана никој не беше со мене, туку сите ме оставија; нека не им се засмета тоа!

17. Но Господ застана со мене, и ми даде сила, за да се исполни проповедувањето преку мене, и да чујат сите народи; и се избавив од лавовска уста.

2 Тимотеј 4