2 Тимотеј 3:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети;

3. без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто,

4. предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви,

5. кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив!

6. Зашто од нив се оние кои се вовлекуваат во куќите и ги измамуваат простите жени натоварени со гревови, кои се водени од различни страсти,

2 Тимотеј 3