2 Тимотеј 3:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и

15. зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.

16. Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата,

17. за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.

2 Тимотеј 3