7. Разбери што зборувам, Господ ќе ти даде да разбереш сè.
8. Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите, Кој е од Давидовото потомство, според моето Евангелие,
9. за кое страдам сè до окови, како некаков злосторник. Но Божјото слово не е оковано.
10. Заради тоа издржувам сè заради избраните, та и тие да добијат спасение со вечна слава во Христа Исуса.
11. Веродостојно е словото: „Ако умревме со Него, со Него и ќе живееме;
12. Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас;
13. ако сме неверни, Тој останува верен! Зашто Сам Себе не може да се одрече.”
14. Ова напомнувај го, заколнувај ги пред Бога, да не се препираат околу зборови, тоа е неполезно, туку е за пропаст на слушателите.
15. Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината!