2 Тимотеј 2:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Исто така, ако некој се натпреварува, не добива венец ако не се натпреварува прописно.

6. Земјоделецот кој се труди треба прв да вкуси од плодовите.

7. Разбери што зборувам, Господ ќе ти даде да разбереш сè.

8. Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите, Кој е од Давидовото потомство, според моето Евангелие,

9. за кое страдам сè до окови, како некаков злосторник. Но Божјото слово не е оковано.

10. Заради тоа издржувам сè заради избраните, та и тие да добијат спасение со вечна слава во Христа Исуса.

11. Веродостојно е словото: „Ако умревме со Него, со Него и ќе живееме;

2 Тимотеј 2