2 Солунците 2:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ве молиме, браќа, во однос на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и за нашето собирање заедно при Него,

2. не дозволувајте брзо да се поколебате во разумноста, ниту да се исплашите ни од дух, ни од слово, ни од послание, како да е од нас испратено, како веќе да настапил Господовиот Ден!

3. Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта,

4. кој се противи и се воздига над сè што се наречува Бог или светина, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог.

5. Не помните ли дека ви го зборував ова уште кога бев кај вас?

6. И сега знаете што го задржува за да се појави тој допрва во свое време.

2 Солунците 2