3. Давид го порази и Адад-Езера, синот Реовов, совскиот цар, кога излезе да ја прошири својата власт до Реката.
4. Давид зароби од него илјада и седум стотини коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги исече жилите на сите коњи на бојните коли; остави само сто.
5. Дамаските Сиријци му дојдоа на помош на Адад-Езер, совскиот цар, ама Давид истепа меѓу Сиријците дваесет и две илјади луѓе.
6. Постави намесник во Дамаскиот Арам. Така Арамејците (Сиријците) станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.