2 Самоилова 7:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Тој ќе му изгради дом на Моето име, а јас ќе го зацврстам неговиот престол засекогаш.

14. Јас ќе му бидам татко, а тој ќе Ми биде син: ако направи беззаконие, ќе го казнам со човечка прачка и со ударци како што ги задаваат човечките синови.

15. Но Својата наклоност нема да је одвратам од него, како што ја одвратив од Саула, кого го отстранив од пред тебе.

16. Твојата куќа и твоето царство ќе траат довека пред Мене, твојот престол ќе стои цврсто засекогаш.”‘“

2 Самоилова 7