2 Самоилова 7:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И кога ќе се исполнат твоите денови и кога ти ќе починеш при своите татковци, ќе издигнам твој потомок по тебе, кој ќе се роди од твоите бедра, и ќе го зацврстам неговото царство.

13. Тој ќе му изгради дом на Моето име, а јас ќе го зацврстам неговиот престол засекогаш.

14. Јас ќе му бидам татко, а тој ќе Ми биде син: ако направи беззаконие, ќе го казнам со човечка прачка и со ударци како што ги задаваат човечките синови.

15. Но Својата наклоност нема да је одвратам од него, како што ја одвратив од Саула, кого го отстранив од пред тебе.

2 Самоилова 7