2 Самоилова 6:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Кога му соопштија на царот дека Господ го благослови Овид-Едомовото семејство и сиот негов имот заради Божјиот Ковчег, Давид отиде и го пренесе Божјиот Ковчег од Овид-Едомовата куќа горе во Давидовиот Град со голема веселба.

13. Туку што носачите на Божјиот Ковчег пречекорија шест чекори, Давид жртвува вол и згоен овен.

14. Давид играше со сета сила пред Господа, а беше наметнат само со ленен наплеќник.

15. Така Давид и сиот Израелев дом го носеа горе Господовиот Ковчег, воскликнувајќи со трубни звуци.

2 Самоилова 6