2 Самоилова 5:12-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш Давид созна дека Господ го потврди за цар над Израел и дека многу го возвиши неговото царство заради Својот израелски народ.

13. По доаѓањето од Хеврон Давид зеде уште соложници и жени од Ерусалим; и му се родија на Давида уште синови и ќерки.

14. Еве ги имињата на децата кои му се родија во Ерусалим: Самуј, Совав, Натан, Соломон,

15. Евар, Нафиг, Јафиј,

16. Елисам, Елијад и Елифалет.

17. Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид слезе во своето засолниште.

18. Филистејците дојдоа и се раширија по Рафајската Долина.

2 Самоилова 5