2 Самоилова 5:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш се собраа сите израелски племиња кај Давида во Хеврон и рекоа: „Еве, ние сме од твојата коска и од твоето месо.

2. Уште порано, додека Саул уште беше цар над нас, ти управуваше со сите движења на Израел, а Господ ти рече: ‘Ти ќе го пасеш Мојот Израелски народ и ти ќе бидеш водач на Израел!’”

3. Така дојдоа сите израелски старешини кај царот во Хеврон, а Давид склучи со нив сојуз во Хеврон пред Господа; и го помазаа Давида за цар над Израел.

4. На Давида му беа триесет години кога стана цар, а царуваше четириесет години.

5. Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци, а во Ерусалим царуваше триесет и три години над сиот Израел и над Јуда.

6. Давид тргна со луѓето на Ерусалим против Евусејците, кои живееја во онаа земја. Ама тие му порачаа на Давида: „Нема да влезеш ваму! Слепците и хромите ќе те одбијат!” Тоа значеше: „Давид нема да влезе ваму.”

2 Самоилова 5