7. кога влегоа во куќата, тој лежеше на постелата во својата спална. Тие го убија, му ја отсекоа главата и ја зедоа и цела таа ноќ одеа по патот низ Араба.
8. Исвостеевата глава му ја донесоа на Давида во Хеврон и му рекоа на царот: „Еве ја главата на Исвостеј, Сауловиот син, твојот непријател кој ти работеше спроти главата. Господ денес го одмазди крваво мојот господар и цар врз Саула и врз неговиот род.”
9. Но Давид им одговори на Рихав и на неговиот брат Вана, на синовите на Римон од Вирот, и им рече: „Така ми живиот Господ, Кој ме избави од секоја неволја!
10. Оној кој ми јави дека загина Саул, мислеше дека ми јавува радосна вест, а јас го фатив и го погубив во Сиклаг, за да му платам за неговата добра вест!