5. Да, мојата куќа стои цврсто пред Бога: Тој склучи вечен Завет со мене, во сè добро уреден и утврден. Да, Тој ќе направи да напреднува сето мое спасение и секоја моја желба.
6. Беззакониците се како трња во пустината, зашто никој не ги фаќа со рака.
7. Никој не ги допира освен со железо и со дршка на копјето и потполно ги изгоруваат во оган.”
8. Ова се имињата на Давидовите јунаци: Тахмонецот Јосев-Васевет, првак меѓу тројца; тој замавна со своето копје против осум стотини и ги погуби одеднаш.
9. По него доаѓа Елеазар, синот Додонов, Ахоховец, еден од тројцата јунаци; тој беше со Давида кај Пас Дамин кога се собраа таму Филистејците за бој, а Израелците се повлекоа пред нив.
10. Ама тој се држеше цврсто додека раката не му се здрви и остана како зарастена со мечот. Господ даде голема победа во оној ден, па војската се врати со Елеазара, но само за да го собере пленот.
11. По него доаѓа Сама, синот Елин, Харерец; кога Филистејците се собраа во Лехија, полето беше полно со леќа, а војската беше избегана пред Филистејците.