12. Тогаш тој застана сред полето и го одбрани, и ги разби Филистејците. Така Господ даде голема победа.
13. Еднаш тројцата од триесетмина тргнаа на пат и во почетокот на жетвата дојдоа кај Давида во Одоламската Пештера, кога една филистејска чета беше влогорена во Рефаимската Долина.
14. Давид тогаш беше во својата крепост, а филистејската посада тогаш беше во Витлеем.
15. Давид издивна: „О кога некој би ме напил со вода од витлеемскиот кладенец што е кај вратата?”
16. Тогаш тие тројца јунаци продреа низ филистејскиот логор и, откако нацрпија вода од витлеемскиот кладенец што е кај вратата, му ја донесоа и дадоа на Давида. Ама Давид не сакаше да ја пие, туку ја излеа пред Господа,
17. зборувајќи: „Господ да не ми даде да го направам тоа! Зар да ја пијам крвта на овие луѓе? Та излагајќи го животот на гибел, донесоа вода!” И не сакаше да пие. Ете, тоа го направија тие три јунаци.
18. Ависај, Јоавовиот брат а синот Серуин, беше војвода над триесетмина. Тој мавташе со копјето против три стотини, ги погуби и се прослави меѓу триесетмината.