2 Самоилова 23:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. По него доаѓа Сама, синот Елин, Харерец; кога Филистејците се собраа во Лехија, полето беше полно со леќа, а војската беше избегана пред Филистејците.

12. Тогаш тој застана сред полето и го одбрани, и ги разби Филистејците. Така Господ даде голема победа.

13. Еднаш тројцата од триесетмина тргнаа на пат и во почетокот на жетвата дојдоа кај Давида во Одоламската Пештера, кога една филистејска чета беше влогорена во Рефаимската Долина.

14. Давид тогаш беше во својата крепост, а филистејската посада тогаш беше во Витлеем.

15. Давид издивна: „О кога некој би ме напил со вода од витлеемскиот кладенец што е кај вратата?”

16. Тогаш тие тројца јунаци продреа низ филистејскиот логор и, откако нацрпија вода од витлеемскиот кладенец што е кај вратата, му ја донесоа и дадоа на Давида. Ама Давид не сакаше да ја пие, туку ја излеа пред Господа,

17. зборувајќи: „Господ да не ми даде да го направам тоа! Зар да ја пијам крвта на овие луѓе? Та излагајќи го животот на гибел, донесоа вода!” И не сакаше да пие. Ете, тоа го направија тие три јунаци.

18. Ависај, Јоавовиот брат а синот Серуин, беше војвода над триесетмина. Тој мавташе со копјето против три стотини, ги погуби и се прослави меѓу триесетмината.

19. Тој се одликуваше меѓу триесетмината и стана нивни главатар, ама не ги достигна тројцата.

20. Синот Јодаев Венаја, јунак од Кавсеила, богат со јуначки дела, му ги уби двата сина на Ариел од Моав; тој во еден снежен ден слезе и уби лав сред јамата.

21. Уби и некој Египетец, крупен човек. Египетецот имаше копје во раката, а тој излезе пред него со стап: истргнувајќи му го на Египетецот копјето од раката, го уби со неговото копје.

22. Тоа го направи Јодаевиот син Венаја и се прослави меѓу триесетмината јунаци.

23. Беше најпознат меѓу триесетмината, ама не ги достигна оние први три; Давид го постави за заповедник на своите телохранители.

2 Самоилова 23