2 Самоилова 22:47-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. Жив е Господ! Благословена да е мојата Стена! Нека се возвиши Господ, моето спасение!

48. Бог Кој ми дава одмазда и ми ги покорува мене народите.

49. Ме избавуваш од моите непријатели, и ме издигаш над моите противници, Ти ме спасуваш мене од човекот - силник.

50. Затоа Те славам, Господи, меѓу народите и ќе го воспевам Твоето Име:

51. ги умножи победите на Својот цар, му искажа милост на Својот помазаник, на Давида и на неговото потомство довека.”

2 Самоилова 22