2 Самоилова 22:29-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Господи, Ти ја запалуваш мојата светилка, Боже, ја осветлуваш мојата темнина:

30. со Тебе удирам врз непријателските чети, со својот Бог ги прескокнувам ѕидовите.

31. Совршени се Господовите патишта, и Господовото слово е испитано со оган. Тој им е штит на сите, кои прибегнуваат кај Него.

32. Зашто кој е Бог освен Господ? Кој е стена освен нашиот Бог?

33. Тој Бог ме опашува со сила, и ја отстранува гибелта од мојот пат.

34. Ми даде нозе брзи како на кошута, и ме постави на безбедни височини,

35. ми ги извежба рацете за борба и мишките за да оптегнуваат бронзен лак.

2 Самоилова 22