2 Самоилова 22:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. од блесокот пред Неговото лице пламнаа огнени јаглења.

14. Господ загрми од небото, гласот на Сèвишниот ечи.

15. Ги оптегна стрелите и ги распрсна враговите, фрли молњи и ги обори на земјата.

16. Морските дна се покажаа, и основите на светот станаа голи од страшната закана на Господа, од буроносниот здив на Неговиот гнев.

2 Самоилова 22