1. Во Давидовите дни еднаш владеше глад три години едно по друго. Давид Му се обрати на Господа, а Господ му одговори: „Врз Саула и неговиот дом лежи крвна вина, зашто ги погуби Гаваонците.”
2. Тогаш царот ги повика Гаваонците да ги праша. Тие Гаваонци не им припаѓаа на Израелците, туку беа остаток од Аморејците, на кои што Израелците им се заколнаа со заклетва, ама Саул бараше да ги уништи во својата ревност за Израелците и за Јудејците.