2 Самоилова 20:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Кога Давид се врати во својот дворец во Ерусалим, ги зеде десетте соложници, кои ги беше оставил да го чуваат дворецот, и ги стави да бидат чувани. Се грижеше за нивното издржување, ама веќе не одеше кај нив. Така тие живееја затворени до својата смрт, како вдовици на жив маж.

4. Потоа царот му заповеда на Амаса: „Свикај ми ги Јудејците во три дни, а и ти да бидеш тука!”

5. Амаса отиде да ги свика Јудејците, но се задржа преку времето што му го беше одредил царот.

6. Тогаш Давид му рече на Ависај: „Сега Вихриевиот син Сева ќе ни биде поопасен отколку Авесалом. Затоа земи ги луѓето на својот господар и тргни во потера по него, за да не стигне до утврдените градови и за да не ни избега од очите!”

7. По Ависаја тргнаа на пат Јоав, Херетејците, Фелетејците, Пелеќанците и сите јунаци; тие излегоа од Ерусалим во потера по Вихриевиот син Сева.

8. Кога беа кај големиот камен што е кај Гаваон, Амаса дојде спроти нив. Јоав имаше на себе воена облека, а преку неа имаше припашан меч покрај бедрото, во ножница; ама мечот му се лизна и падна.

9. Јоав го поздрави Амаса: „Дали си ми добар, брате?” И со десната рака го фати Амаса за брадата за да го пољуби.

2 Самоилова 20