2 Самоилова 2:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Давид го праша Господа вака: „Треба ли да отидам во некој Јудин град?” А Господ му одговори: „Тргни!” Давид праша пак: „Каде да тргнам?” А одговорот беше: „Во Хеврон!”

2. Така Давид отиде таму, а со него и неговите две жени, Ахиноама од Езраел и Авигеја, Наваловата жена од Кармил.

3. И луѓето кои беа со Давида отидоа со него, и се населија во гратчињата на Хеврон.

2 Самоилова 2