2 Самоилова 19:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И му јавија на Јоав: „Ене царот плаче и тагува по Авесалома.”

2. Така победата во оној ден се претвори во жалост за сета војска, зашто војската чу во оној ден дека царот тагува за својот син

3. И во тој ден војската се врати скришно, како што скришно се поткрадува војската што се засрамила бегајќи од бој.

4. А царот го покри своето лице и викаше со сиот глас: „Сине мој Авесаломе! Авесаломе, сине мој! Сине мој!”

2 Самоилова 19