2 Самоилова 17:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Ама ги забележа некој момок та му јави на Авесалома. Тогаш двајцата отидоа итно и дојдоа во куќата на некој човек во Ваурим. Во неговиот двор имаше кладенец, и тие се спуштија во него.

19. А жената зеде и распростре покривач преку отворот на кладенецот, и потури врз него истолчени зрна, така што не можеше ништо да се забележи.

20. Авесаломовите слуги дојдоа кај таа жена во куќата и ја прашаа: „Каде се Ахимас и Јонатан?” А жената им одговори: „Отидоа натаму кон водата.” Потоа ги бараа уште, ама не ги најдоа па се вратија во Ерусалим.

21. А кога тие си отидоа, оние двајца излегоа од кладенецот и отидоа да му ја однесат веста на царот Давид. И му рекоа: „Станете и поминете побргу преку водата, зашто Ахитофел советуваше така и така против вас.”

22. Тогаш Давид, и сиот народ што беше со него, се дигна и помина преку Јордан; во зората немаше веќе никој што не поминал преку Јордан.

23. Кога Ахитофел виде дека не се исполни неговиот совет, го насамари своето осле, тргна на пат и си отиде во својата куќа во својот град. Таму се погрижи за својата куќа, потоа се обеси и умре. Го погребаа во гробот на неговиот татко.

2 Самоилова 17