2 Самоилова 16:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. А кога Архиецот Хусај, пријателот Давидов, дојде кај Авесалома, Хусај му рече на Авесалома: „Да живее царот! Да живее царот!”

17. А Авесалом го праша Хусаја: „Дали е тоа твојата верност кон твојот пријател? Зошто не си отиде со својот пријател?”

18. А Хусај му одговори на Авесалома: „Не, туку кого го избра Господ и овој народ и сите Израелци, ќе бидам негов и ќе останам со него.

19. И притоа: кому ќе му служам? Зар не на неговиот син? Како што му служев на татка ти, така ќе ти служам и тебе.”

20. Потоа Авесалом му се обрати на Ахитофел: „Советувај сега: што да правиме?”

2 Самоилова 16