2 Самоилова 16:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Потоа Давид го продолжи патот со своите луѓе, а Симеј одеше по горска патека наспоредно со него, колнејќи постојано, фрлајќи камења кон него и дигајќи прав.

14. Царот и сиот народ што го придружуваше стигнаа заморени и здивнаа таму.

15. Меѓутоа Авесалом влезе во Ерусалим со сиот израелски народ; и Ахитофел беше со него.

16. А кога Архиецот Хусај, пријателот Давидов, дојде кај Авесалома, Хусај му рече на Авесалома: „Да живее царот! Да живее царот!”

17. А Авесалом го праша Хусаја: „Дали е тоа твојата верност кон твојот пријател? Зошто не си отиде со својот пријател?”

18. А Хусај му одговори на Авесалома: „Не, туку кого го избра Господ и овој народ и сите Израелци, ќе бидам негов и ќе останам со него.

19. И притоа: кому ќе му служам? Зар не на неговиот син? Како што му служев на татка ти, така ќе ти служам и тебе.”

20. Потоа Авесалом му се обрати на Ахитофел: „Советувај сега: што да правиме?”

21. Ахитофел одговори на Авесалома: „Влези кај соложниците на својот татко, кои ги остави да го чуваат домот: тогаш сиот Израел ќе чуе дека си во спор со татака си, па ќе се охрабрат сите оние кои што се согласија со тебе.”

2 Самоилова 16