2 Самоилова 15:26-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Ако, пак, Тој каже: ‘Немам кон тебе благонаклоност,’ - тогаш, ете ме, нека прави со мене што е добро во Неговите очи!”

27. Уште царот му рече на свештеникот Садок: „Не ли си пророк? Врати се со мир во градот, и твоите два сина со тебе, твојот син Ахимас и Авијатаровиот син Јонатан.

28. Еве, јас ќе се задржам во рамнината на пустината додека не дојде глас од вас, за да ме извести.”

29. Тогаш Садок и Авијатар го однесоа Божјиот Ковчег назад во Ерусалим и останаа таму.

30. Давид се искачуваше по нагорништето на Маслиновата Гора, сè плачејќи, со покриена глава и бос, и сиот народ што беше со него, ја покри секој својата глава, и одеше плачејќи.

31. Тогаш му јавија на Давида дека и Ахитофел е меѓу заверениците со Авесалома. И Давид рече: „Те молам, о Господи, направи го Ахитофеловиот совет безумие!”

32. Кога Давид дојде на врвот на гората, таму каде што се поклонуваа на Бога, и ете, во пресрет му дојде Архиецот Хусај, со раскината облека и со глава посипана со прав.

33. Давид му рече: „Ако тргнеш со мене, ќе ми бидеш на товар.”

34. Но ако се вратиш во градот и му речеш на Авесалома: ‘Царе, ќе бидам твој слуга, како што бев слуга на татко ти досега, така ќе ти бидам сега слуга’; тогаш ќе можеш да ги вратиш во моја полза Ахитофеловите совети.

35. Не ли се таму со тебе свештениците Садок и Авијатар? Сè што ќе чуеш од царскиот двор, соопшти им на свештениците Садок и Авијатар.

2 Самоилова 15