2 Самоилова 11:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш Давид му рече на Урија: „Остани уште денес тука, а утре ќе те пуштам.” Така Уриј остана во Ерусалим во оној ден.

13. Утреден Давид го повика Уриј да јаде и да пие пред него, и тој се испијани. А навечер Уриј излезе и легна во својата постела заедно со стражите на својот господар, ама не отиде во својата куќа.

14. Наутро Давид му напиша писмо на Јоав и му го испрати по Уриј.

15. А во тоа писмо пишуваше вака: „Поставете го Урија напред, каде што е бојот најжесток, па повлечете се зад него: нека биде погоден и нека загине!”

2 Самоилова 11